Денеска променливо облачно, ќе има слаб дожд во источните делови од државата

Утре, пак, се очекува променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло време

Променливо облачно со појава на слаб локален дожд претежно претпладне во источните делови, најавува УХМР за денеска.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а утринската температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени, додека дневната ќе достигне најмногу 18 степени Целзиусови.

Во Скопје променливо облачно со слаб ветер од јужен правец со максимална температура од 17 степени.

За утре, пак, УХМР најавува променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло време. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието и особено во западните делови повремено ќе засилува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *