Целосно изграснат пожарот во атарот на село Саса

Екипите на ТППЕ – Македонска Каменица со помош на шумски работници и неодамна инстслираната Кула за рана детекција на пожари успеаа целосно да го изгаснат пожарот кој денеска попладне избувна во атарот на село Саса.

Денеска, околу 14:00 часот, како што објави на својот личен налог на социјалните мрежи командирот на ТППЕ Македонска Каменица, Малин Трајчевски, Кулата за рана детекција и превенција од пожари детектираше појава на пожар во село Саса на м.в. Траканички Рид.

Во пожарот зафатена е површина од 2 хектари нискостеблеста вегетација. Во гаснењето на пожарот учествуваа 2 пожарникари и тројца шумски работници, – дополнува командирот Малин Трајчевски, при што додава дека пожарот целосно е изгаснат околу 17 часот, попладнето.

– Клучен момент за брзо гаснење на пожарот беа информациите добиени од Кулата за рана детекција и превенција од пожари. Добивме точен податок за локацијата и силината на пожарот. Почетно олеснување за екипите на ТППЕ со прибирање на информации за начинот со што и како да постапат, – стои на крајот од текстот објавен на личниот фејсбук профил на Малин Трајчевски, командир на ТППЕ Македонска Каменица

Изградбата на Кулата за рана детекција и превенција од пожари заврши на почетокот од 2023 година, во рамки на проектот „Изградба на интегриран систем за рана детекција и превенција од шумски пожари во Невестино и Македонска Каменица“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *