На 25.03.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Делчево, 20-годишна девојка пријавила дека М.З.(23) од Делчево, со кого претходно била во љубовна врска, ја уценувал и ѝ се заканувал дека ќе објави експлицитни видео материјали кои ги имал направено додека биле заедно.
По комплетирање на случајот против М.З. ќе биде поднесена кривична пријава.
Извор: Билтен на МВР