БЕКТЕШИ НАЈАВИ ЕВТИНА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈА ОД ПРВИ ЈУЛИ

БЕКТЕШИ НАЈАВИ ЕВТИНА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈА ОД ПРВИ ЈУЛИ

Време зa читање: Можно е граѓаните повторно да користат евтина дневна тарифа на струја, и тоа од први јули. Владата и регулаторите работат на тоа, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

„Заедно со Регулаторната комисија за енергетика работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од први јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори, каде пиковите главно се преку ден“, рече тој. И, додаде, би можело да има вишок на електрична енергија во текот на денот во периодот од мај до октомври.

Анализата за справувањето со енергетската криза веќе ја има, но се чека идната недела директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, да ги изнесе деталите во јавност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *