Градоначалникот Атанасовски ги посети првачињата на првиот училишен ден

Градоначалникот Атанасовски ги посети првачињата на првиот училишен ден

 

Денеска, по повод 01.Септември и почетокот на новата учебна 2022/23 година, градоначалникот Атанасовски беше во ООУ “Св. Кирил и Методиј” каде на првиот училишен ден ги посети новите првачиња.

„Им посакав огромна среќа, вредно да учат и работат и училишните денови да им минуваат со насмевки. Верувам дека наставниот кадар од нашето училиште ќе ги подготви дечињата за справување со сите животни предизвици“, – истакнува Атанасовски во честитката до првачињата и учениците во каменичката деветолетка.

Исто така, во соопштението за јавност од градоначалникот Атанасовски се вели дека, по повод почетокот на новата учебна година, Општина Македонска Каменица обезбеди скромен подарок, за сите ученици во основното училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *