ВО НАПРЕДНА ФАЗА Е ИЗГРАДБАТА НА СУПЕРМОДЕРНИОТ СПОРТСКИ КОМПЛЕКС ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

ВО НАПРЕДНА ФАЗА Е ИЗГРАДБАТА НА СУПЕРМОДЕРНИОТ СПОРТСКИ КОМПЛЕКС ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Македонска Каменица, 01.09.2022 година – Општина Македонска Каменица денеска објави вест дека изградбата на најмодерниот спортски комплекс во Македонија кој се гради во Општина Македонска Каменица е во завршна фаза.
Од општина Македонска Каменица, додаваат дека веќе во текот на наредната недела ќе биде завршена атлетската патека и ќе биде асфалтирана подлогата за останатите спортски терени.
По изградба на терените, како што стои во продолжението на текстот, ќе се пристапи кон хортикултурно уредување на просторот, ќе се постават нови стативи на фудбалскиот стадион и тоалети. Предвидена е изградба на амфитеатар, како решение на просторот веднаш под Градскиот базен.
Градоначалникот Димчо Атанасовски, кој денеска изврши увид во градежните активности на терен, дополни дека за наредната година е планирано подобрување на пристапот до терените, како и уредување на најдолното течение на река Каменичка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *