“Баксет Кам” девојчињата до 12 години се меѓу најсилните екипи во Македонија! Викендов ќе се борат за нов клубски пехар на ПлејОф турнирот во Скопје

Завршницата во женската пионерска лига ќе се игра викендов, во салата на КК „Вардар“ во Скопје…

 

Кошаркарскиот клуб „Вардар“ од Скопје ја доби организацијата на финалниот турнир од М12 лигата-жени.

Понудија најдобри услови за организирање на турнирот кој следува на 27. и на 28. мај, а ќе се игра во нивната сала „Под Кале“ во Скопје.

Одредени се и сатнините на одигрување на полуфиналните натпревари.

Во првото полуфинале кое ќе се игра на 27.мај (сабота), ќе играат екипите на Вардар и Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, закажано е за 12.часот. А два часа подоцна, од 14. часот, за место во финалето ќе разигруваат екипите на Патриот 2016 од Делчево и Струга 2009.

 

Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 25.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 28.мај (недела) од 14.часот. Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 15.000 денари.

Натпреварот за третото место е предвиден за недела, од 12.часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 10.000 денари, а исто толку средства од вкупниот награден фонд од 60.000 денари, кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир, ќе добие и екипата која ќе заврши како четвртопласирана на овој собир.

М12 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

27.МАЈ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

12.00: Вардар – Баскет Кам 2011

14.00: Патриот 2016 – Струга 2009

28.МАЈ (НЕДЕЛА)

12.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)

14.00: Финале (победник 1) – (победник 2)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *