Софија Ситновска освои Втора награда на државниот натпревар по Биологија

Како што информираат од ООУ “Св. Кирил и Методиј” Македонска Каменица, на Државниот натпревар по Биологија, одржан на 20. Мај 2023 година, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, учество зеде ученичката Софија Ситновска.

– И годинава, Софија Ситновска постигна одличен резултат освојувајќи Втора награда на државниот натпревар, – стои во објавата од училиштето, од каде на Софија Ситновска и на менторот проф. Љупка Ристовски им посакуваат уште многу успеси во иднина.

Софија Ситновска е одличен ученик при каменичката деветолетка, каде учествува на натпревари по повеќе предмети. Исто така, учествува на локални, државни меѓународни литературни конкурси и ликовни колонии и работилници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *