Американката Ангелика Икеда е новото Супер засилување на ЖФК Каменица САСА

 

Најново засилување на ЖФК Каменица САСА Ангелика Икеда од САД.

“Откако потпиша едногодишен договор, Енџ, веќе го обработи првиот тренинг”, вели во кратката изјава Зоран Златковски стратегот на шампионот на Македонија, кој дополнува дека “ “Станува збор за фудбалерка од средниот ред, доскорешниот капитен на Илиноис Кобрас, Сент Лоуис, САД”.

“Со доаѓањето на Ангелика нашиот тим добива супер засилување, заедно сме уште поблиску до остварувањето на нашата цел, трета титула во низа”, – со што Златковски ги потврди амбициите на клубот од Македонска Каменица, за трета титула во домашниот шампионат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *