ОДЛИЧНА ВЕСТ: Постигнат е договор, минималната плата ќе се покачи на 18.000 денари!

Како што дознава Алсат, вечерва е постигнат договор и минималната плата ќе се искачи на 18.000 денари. Ова беше и барањето на Сојузот на синдикати.

Договорот следува по серија состаноци меѓу претставници на Синдикатот, работодавачите и Владата. Состанокот се уште трае. По неговото завршување најавени се изјави.

Пред почетокот на состанокот, претседателот на ССМ Дарко Димовски рече дека минималната плата мора да се покачи на 18.000 поради зголемените цени на производите. Работодавачите се согласуваа со помал износ и бараа субвенции од државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *