Александар Тодоровски го предводеше КК Баскет Кам до убедлива победа против Борец во Велес

Во првото коло на Втората македонска кошаркарска лига, гостинските екипи беа значително поуспешни од домашните. Само охриѓани го одбранија домашниот терен, додека на останатите пет средби победуваа гостите.

Она што е најзначајно за љубителите на кошарката од Македонска Каменица е успехот на Баскет Кам, кој беше убедлив на гостувањето кај Борец Баскет со 56-75. Најпрецизен во екипата на Баскет Кам беше Александар Тодоровски со 29 поени. Го следеа Стефан Гоцевски со 17 и Роберт Стојанов кој запиша 15 поени. Резултат по четвртини: 16-15; 7-13; 13-26; 20-21.

Фото: Архива на Каменица.Мк
Фото: Архива Каменица.Мк

Кошаркарите на Охрид на свој паркет беа подобри од Водно Санс (76-61), ланските третолигаши Работнички и Куманово одиграа трилер во Скопје, а славеа гостите со минимални 79-80. МЗТ Скопје Уни Банка не успеа да дојде до триумф и капитулира против Соколи 1933 (73-75), додека Шкупи триумфираше во Струга кај Црн Дрим (88-91).

Второто коло на второлигашите е следниот викенд. Во него Ангели ќе го дочекаат Охрид, Вардар оди кај Соколи, Шкупи ќе се судри со Работнички 2018, Водно Санс дома игра со Борец, младите „штркови“ одат кај Куманово, а Баскет Кам е домаќин на Црн Дрим.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *