Вонредна акција за дезинфекција на јавните површини во општина Македонска Каменица

Македонска Каменица, 23.07.2020 година – Општина Македонска Каменица информира дека е во тек вонредна акција на ЈП Камена Река и ТППЕ Македонска Каменица за дезинфекција на сите јавни површини, спортски игралишта, терени и забавни паркови, како дел од мерките кои Општината ги презема за дополнителна заштита од Ковид 19.

dav

Општина Македонска Каменица ги информира граѓаните дека, преку работата и редовните состаноци на Општинскиот штаб за заштита и спасување од Ковид 19, будно ја следи состојбата и навремено ги спроведува сите мерки и препораки од Владата и Комисијата за заразни болести за спречување и ширење на коронавирусот.

mde

Исто така, општина Македонска Каменица апелира до граѓаните и стопанствениците во трговските, услужните и угостителските објекти за почитување и строго придржување и спроведување на пропишаните протоколи и мерки за заштита од коронавирусот.

Само така можеме да го зачуваме личното, здравјето на најблиските и јавното здравје во нашата заедница, – се вели на крајот од соопштението за јавност објавено на официјалните фејсбук налози на општина Македонска Каменица

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *