Почеток на градежните работи за изградба на “Паркот на млади” во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 22.07.2020 година – Општина Македонска Каменица започна градежни активности за изградба на “Скејт Паркот”, дел од предвидениот “Парк на млади”. Паркот се наоѓа покрај новиот уреден дел покрај градскиот кеј од Каменичка Река (Титов Парк) на вкупна површина од 8000 квадратни метри.

dav

Увид во градежните работи изврши и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Саменкова која нагласи дека “идејното решение за уредувањето на овој простор доаѓа токму од младите во градот, кои преку искажаните идеи на спроведениот јавен конкурс, дадоа свој придонес и белег во уредувањето на овој простор според нивните потреби и желби”.

Со целосната изградба на “Паркот на млади” на површина од 8000 метри квадратни ќе бидат уредени содржини за разонода и прошетки, нов детски забавен парк и специјално уредени простори за урбани спортови за младите од Македонска Каменица, – дополни во својата изјава градоначалничката Стаменкова

dav

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *