Јован Манев: Време е да докажам дека заслужувам да го носам дресот на Македонија!

Дефанзивецот на турскиот прволигаш Демирспор, Јован Манев родум од Кочани, е пред шанса да дебитира за сениорската репрезентација на Македонија, откако дополнително беше повикан за настап на понеделничкиот пријателски дуел против Фарски острови.

Тој треба да ја пополни празнината на стопрската линија по заминувањето на Муслиу и повредата на Зајков.

„Среќен сум што добив покана од селекторот и ќе се потрудам во првата средба за А-селекцијата да ја оправдам довербата. За мене ова е исполнување на сонот. Сега е време да се докажам и во најдобрата македонска селекција“, изјави Манев за „Штипски асови“.

Пријателскиот натпревар меѓу Македонија и Фарски Острови се игра во понеделник во Скопје од 18 часот, а доаѓа по квалификациската победа над Малта (2-1) во циклусот за ЕП 2024.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *