Земете учество во процесот на градење на Програмата за одржлив економски развој на Македонска Каменица

Македонска Каменица, – Во среда, на 29. Март, со почеток од 10:30 часот, во просториите од Домот на култура во Македонска Каменица ќе биде одржан настан по повод вклучување на жителите на Македонска Каменица во процесот на градење на програмата за одржлив економски развој.

На настанот ќе бидат бидат преставени потенцијалите на општината за развој на бизниси од областа на земјоделството и туризмот, кои би можеле да бидат поддржани во следните фази на проектот.

Програмата има за цел да поттикне креирање на бизниси во нови сектори преку нивна поддршка во форма на едукација и бизнис советување, пристап до финансии и пласман на производите и услугите.

sdr

Ги покануваме сите претставници од приватниот, јавниот и невладиниот сектор, претставници на образовните и научните институции, младите како и сите заинтересирани граѓани да присуствуваат и да добијат повеќе информации за вклучување во проектните активности како и да ги споделат своите идеи за проекти за долгорочен развој на општината.

За подетални информации за проектот може да го посетите следниот линк:https://theprimepoint.com/newshighlights/покана-за-учество-на-јавна-работилница/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *