Македонска Каменица, 11.08.2022 година – Денеска, како што стои во објавеното соопштение за јавност, на пригоден начин во СОУ „Миле Јаневски Џингар“ Македонска Каменица, беа доделени Дипломи за завршено средно образование на матурантите од генерацијата 2018-2022. Награда доби и Мери Соколовска, која е прогласена за Првенец на генерацијата во изминатата учебна година.

Директорката на училиштето, Данче Донева Гоцевска на учениците Столе Јовановски, Кристина Николовска, Рената Наумовска и Елеонора Илиевска им додели Пофалници за континуиран одличен успех и примерно поведение.
На сите ученици од Генерацијата 2018-2022 година во иднина, од училиштето им посакуваат добро здравје, среќа и успех.
