Два порази на Македонија од Бугарија во Македонска Каменица

Многу поголема неизвесност имаше на првата проверка во Македонска Каменица која гостинските кошаркарки ја добија со минимални (44:41)

Два порази на кадетките во „контролите“ со Бугарија

Женската кадетска селекција на Македонија полека ги привршува подготовките за учество на претстојното ЕП од Дивизијата „Б“ за кошаркарки „Под 16“ години во Подгорица.

А како дел од планираните активности, беа реализирани и два контролни натревари. Се одиграа во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица, каде ни гостуваше соодветната селекција на Бугарија.

Гостинките беа поуспешни и во двете проверки. Во онаа првата во која поголем број на минути добија кошаркарките кои многу извесно, ќе бидат во таа улога и на претстојниот шампионат во Црна Гора, Бугарија славеше со тесни и неизвесни (44:41).

Многу помали дилеми имаше на втората „контрола“ во која, селекторот Горан Даниловски се определи да ги испроба сите расположиви сили, гостинките победија со убедливи (70:19).

Ова беа и последните проверки за оваа наша национална селекција која ќе ги продолжи подтотовките во Македонска Каменица се до заминувањето за Подгорица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *