Распоред на денешните натпревари во мал фудбал

Денес, во спортската сала при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица ќе се одиграат натпреварите од 5-то коло од турнирот во мал фудбал, кој е дел од Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“.

Во 18.00 часот се среќаваат Џафер и Делириум, во 19.00 часот играат Де пласт со Рудник Саса, а од 20.00 часот Фемили медика ќе игра со Го пласт.  Утре ќе се одигра заостанатиот натпревар помеѓу Де пласт и Фемили медика со што ќе завршат натпреварите од групната фаза и ќе се добијат полуфиналните двојки.

Финалните натпревари од турнирите во мал фудбал, ракомет и баскет ќе се одиграат во петок, 26-ти мај 2017 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *