Причинета голема материјална штета при пожар на куќа во Крива Паланка

Почетокот на оваа година не се покажа баш најдобар кога станува збор за пожарите во градските средини. Божиќните празници  беа тешки за семејство од Крива Паланка, кога за време на викендов избувнал пожар во нивната семејна куќа на улица „Осми октомври“. Командирот на ТППЕ, Иле Коцевски информираше дека десеттина пожарникари и четири протиивпожарни возила го гаселе големиот пожар кој избувнал на Бадник, а во кој е причината голема материјална штета.

Во интервенцијата биле употребени 16 боци со кислород поради неможноста преку замрзнатиот кров да се направи вентилација како и самата специфичност на пожарот, двајца од пожарникарите вдишале од чадот и веднаш биле хоспитализирани во Кривопаланечката болница. Според информациите од противпожарната екипа, пожарникарите успеале да го локализираат пожарот, спречувајќи негово проширување.

Ова е втора акција на кривопаланечката протипожарна единица, по една техничка интервенција која ја имале на петти јануари оваа година ,на системот за парно греење во семеен дом во Крива Паланка. Инаку, како што информира Коцевски, минатата година ТПЕ од овој град ја завршила со 78 интервенции во пожар и 12 технички интервенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *