До работа во Германија отсега и преку Фејсбук

Преку социјалната мрежа Фејсбук многумина од просторите на поранешна Југославија успеаја да најдат вработување во Германија.
Приказната за Даниел Хорват која ја пренесе DW е уште еден пример за тоа. Имено, Даниел е возач во меѓународен транспорт од Загреб до Франкфурт, кој заработувал минимална плата, а правото на одмор не го ни имал. Во моментот кога одлучил да крене раце од се, се решил да започне да се огласува и да бара работа на групите за работа на Фејсбук.
“Се што дознав за заминувањето во Германија е преку тие социјални мрежи“, вели овој 29-годишник за DW.
 
Овие групи имаат до 50.000 членови. Секој член од групата може да праша и одговори на она што некој друг член го поставил како прашање, а е поврзано со вработување, студирање, средување документи или за секојдневниот живот во Германија – пренесува порталот Фактор.
Тоа е всушност место за средба на луѓе кои очајнички сакаат да заминат од тука и на оние кои веќе успеале во тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *