Поради изведување на градежни работи сообраќајот на патот Каменица – Саса утре ќе биде во прекин од 11:00 до 14:00 часот

Македонска Каменица, 22.10.2020 година – Поради изведување на градежни работи на регионалниот пат Македонска Каменица – село Саса, во текот на утрешниот ден 23.10.2020 година, сообраќајот ќе биде во целосен прекин во периодот од 11:00 до 14:00 часот.

Денес, започна асфалтирањето на првата делница од 12 километарскиот регионален пат кој ги поврзува Македонска Каменица и двете најголеми рурални средини, како и економскиот оператор Рудник Саса. Од таа причина, изведувачот на градежните работи во координација со рудник Саса и според потребите за непречено работење, во наредниот период ќе воведе времен сообраќаен режим на овој патен правец.

За нови измени во режимот на сообраќај, жителите на општина Македонска Каменица и локалното население од селата Саса и Моштица ќе бидат навремено информирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *