Македонска Каменица: Со хуманитарна акција на Црвен Крст – Делчево ќе биде одбележана Неделата на борба против гладта

Македонска Каменица, 22.10.2020 година – Под мотото „Помислете и на нас“, а како дел од одбележувањето на Неделата на борба против гладта, Општинската организација на Црвен крст Делчево утре во Македонска Каменица ќе реализира хуманитарна собирна акција за поддршка на ранливите категории граѓани.

Во рамки на утрешната акција, како што информираат од Црвен крст – Делчево, хуманите граѓани од Македонска Каменица, според  своите можности ќе можат да донираат парични средства како и прехранбени артикли и намирници со подолг рок на траење.

Од паричните средства кои ќе бидат соберени заедно со останатите намирници, ќе бидат изготвени хуманитарни пакети, кои ќе бидат наменети за помош на ранливите категории на граѓани од општините Македонска Каменица и Делчево. Поради ова упатуваме повик до сите граѓани, фирми, компании и институции во нашиот регион да се вклучат во акцијата и во рамки на своите можности да донираат парични средства, како и прехранбени артикли (тестенини, конзерви, брашно, сол, шеќер, зејтин, грав, ориз и друго со подолг рок на траење), се со цел да стигне до оние на кои им е најпотребна помошта, стои во известувањето од ОО Срвен Крст Делчево.

Утрешната  акција со жителите од М.Каменица ќе трае од 11 до 15 часот своите донации граѓаните ќе можат да ги достават во собирниот пункт пред Жито маркети во центарот на градот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *