Пари и злато украдени во Штип

Злато и пари се украдени синоќа од куќа на улицата „Сутјеска“ во Штип. Засега непознати сторители, кај 57-годишниот Л.С. влегле разбивајќи еден од прозорците на куќата, а оттаму излегле побогати за 500.000 денари. Во својот дом, штипјанецот чувал 20 златни лири и 5.000 евра. Но освен нив, за крадците интересни биле и музички систем, плазма телевизор и дигитален ресивер. Тешката кражба од синоќа веќе е предмет на полициска истрага, но детали околу тоа дали крадците зад себе оставиле траги или не, не се соопштуваат.

 извор: Телевизија Стар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *