Oливера Верa Јоциќ е родена во Сингелиќ, Скопско на 21 август 1923 година, а животот го загубила во село Саса, Македонска Каменица, на 22 мај 1944 година. Таа е партизанка, македонски и југословенски првоборец и воено лице одликувано со Орден на народен херој.
Денес, во Македонска Каменица, со пригодна програма и букети цвеќе беа одбележани 73 години откако Вера Јоциќ го положи животот за слободна татковина. На одбележувањето на годишнината од смртта имаше претставници од локални претпријатија, установи и институции.
Инаку, Вера Јоциќ беше ранета во Пролетната офанзива кај село Страцин, а на 22 мај 1944 година, во село Саса, им подлегна на повредите. Нејзиното херојство е воспеано во прочуената песна „Очи“ на Ацо Шопов.