Честитки и големо извинување: Учениците при ООУ “Св. Кирил и Методиј” од Македонска Каменица се ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во “Детски семафор” | kamenica.mk

22. Мај 2017г. (kamenica.mk)
Македонска Каменица

Поради неажурирани податоци на www.rsbsp.org.mk до кој во текот на вчерашниот ден дојде нашиот портал www.kamenica.mk, направен е превид и несакана грешка од наша страна во врска со резултатите од натпреварите во Детски семафор. Наведените податоци и ранг-листи со пласман во екипна и поединечна конкуренција се застарени и тие се однесуваат на минатогодишните натпревари. Во продолжение на текстот ви ги презентираме овогодинешните резултати од натпреварувањето и нашето извинување до менторот одд.наставник Васко Станковски и до сите ученици учесници на натпреварот.

На 20. 05 2017г. во организација на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Основното Училиште “Војдан Чернодрински” во Скопје се одржaа државните натпревари “Детски Семафор” за учениците од основните училишта. Натпреварите се состојат од теоретски дел, познавање на правилата и прописите во сообраќајот, и практичен дел, вешто возење на велосипед за основците.
Според покажаните резултати во теоретскиот и практичниот дел победнички екипи во “Детски Семафор” се:

1. место:
Македонска Каменица –  ментор Васко Станковски  (280 нег. бодови)

2. место:
Охрид – ментор Јулија Крстева  (304 нег. бодови)
3. место:
Струмица – Кристина Томова  (340 нег. бодови)

– минатогодинашниот победник, екипата од Карпош – Скопје овој пат беа четврти со 341 негативен бод.


Филип Велков ученик при ООУ “Кирил и Методиј” од Македонска Каменица го освои првото место во поединечна конкуренција (голема група) со само 18 негативни поени:
1. место:
Филип Велков
2.место:
Никола Јанчев (Велес)
3. место:
Рафаил Сулев (Струмица)


Останати ученици од ООУ Св. Кирил и Методиј кои беа дел од победничкиот тим се:
– Филип Велков 9 одд. (прво место во поединечна конкуренција)
– Маринела Стоиловска 8 одд
– Бојан Велиновски 6 одд
– Давид Горгиевски 6 одд
– Викторија Пелтековска 6 одд
– Андреа Ивановска 6 одд
Ментор:
– одд.наставник Васко Станковски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *