Нова победа на ФК Каменица Саса

ФК Каменица Саса извојува нова првенствена победа во третата македонска фудбалска лига. Во вчерашниот натпревар беше совладана екипата на Напредок (Радово). Гостите имаа водство од еден гол разлика по првиот дел и не реализираа пенал на стартот од второто полувреме, по што домашната екипа го сврте резултатот во своја корист. Конечниот резултат на натпреварот беше 3:2. ФК Каменица Саса,  по четири одиграни кола, е на деветото место на табелата, со вкупно освоени 6 (шест) бодови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *