Лени Андреевска продолжува со диригентството во шампионската ЖФК Каменица САСА

ЖФК Каменица САСА потпиша нов договор со најдобрата македонска фудбалерка Лени Андреевска.

Станува збор за класа играч, лидер и гордост на тимот, едноставно Андреевска е фудбалер титула!

– Андреевска е една од нашите капитенки која веќе 3.5 години е лицето на нашиот тим. Се радуваме што една од главните “виновнички” за освојување на титулите и Куп трофејот, денес стави потпис на нов договор со ЖФК Каменица САСА, до 30.06 2025 година! – истакнуваат од ЖФК Каменица САСА

Сигурни сме дека и оваа сезона под нејзно диригирање на теренот титулата и Куп трофејот се наша реална и остварлива цел!

#ОдимеНапред #ОдимеДоКрај

 

Пишува: Горан Ристовски – Бразда

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *