Македонска Каменица со финансиска помош за погодените од земјотресите во Турција и Сирија

Македонска Каменица со финансиска помош за погодените од земјотресите во Турција и Сирија

– Со длабоко жалење и огромна вознемиреност ја примивме веста за разорниот земјотрес што ги погоди граѓаните на Турција и Сирија.
Општина Македонска Каменица секогаш била меѓу првите кои помагаат во вакви ситуации, затоа и овој пат ќе направи конкретни чекори, – стои во изјавата на Димчо Атанасовски, градоначалник на Општина Македонска Каменица

Денеска, Членовите на Советот на ЕЛС Македонска Каменица едногласно донесоа Одлука за обезбедување на финансиска поддршка од 400 000 денари наменета за двете погодени држави.

Во овие исклучително тешки и тажни моменти за Турција и Сирија, за семејствата на загинатите и повредените, од општина Македонска Каменица, упатуваат искрено сочувство и побрзо санирање на предизвиканите материјални штети, – дополнуваат од Општината

 

Пишува: Горан Бразда Ристовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *