Македонска Каменица, 21.06. 2021 година – Со почеток од 20:00 часот, на 24. Јуни, на Градскиот плоштад во Македонска Каменица ќе се одржи концерт на ансамблот „ТАНЕЦ“.
“ТАНЕЦ” повеќе од седум децении претставува симбол на македонската култура и уметност. Најголем национален амбасадор на македонскиот фолклор и подвижен музеј на нашата духовна култура.
Покрај вокално-инструменталниот концерт во Македонска Каменица, “Танец” ќе има настапи и во неколку други градови во Македонија.