Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема задржувања

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема задржувања June 22, 2021 АМСМ Соопштенија, Информации – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Опсервер: Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема задржувања | opserver.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *