ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АТАНАСОВСКИ И ПРЕТСТАВНИЦИ НА МАКЕДОНСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ „ИНСИЕМЕ“ ОСТВАРИЈА РАБОТНА СРЕДБА ВО ИТАЛИЈА

Во рамки на повеќедневниот престој во Италија, градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски оствари работна средба со Македонското здружение „Инсиеме“.

Покрај оваа средба со градоначалникот Атанасовски, ова зддружение оствари работни и со Високотопреосвештенство на Европскиот Митрополит, Г. Пимен, директорот на Агенцијата за иселеништво, Слободан Близнаковски и конзулот од Местре, Стојан Витанов.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Македонска Каменица се збратимува со италијанските општини Рикалдоне, Касине и Аличе Бел Коне

На средбата, како што стои објавено по завршувањето на средбите, е разговарано за продлабочување на соработката со општина Македонска Каменица, како и внесување на „Инсиеме“, како македонско здружение во во Регистерот на Македонија за иселеништво.
Од таму, упатуваат голема благодарност до општина Рикалдоне и Црковниот одбор предводен од Отец Михајло Матевски што помогнаа во одржувањето на оваа средба.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Светол ден за Македонците во Италија – МПЦО “Св. Архангел Михаил” во Неиве доби сопствен објект

Градоначалникот Димчо Атанасовски со делегацијата составена од директори на локални институции и членови на Советот на општина Македонска Каменица, во рамки на повеќедневната посета на италијанските општини Рикалдоне, Касине и Аличе Бел Коне, оствари повеќе работни нивните градоначалници и претставници на тамошните институции. Со претставници на повеќе македонски и црковни организации, како и неформални средби со поголем број на наши сограѓани иселеници во Италија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *