Светол ден за Македонците во Италија – МПЦО “Св. Архангел Михаил” во Неиве доби сопствен објект

Денеска, беше светол ден за нашата Македонска Православна Црковна Општина ,,Св. Архангел Михаил”од Неиве, бидејќи со макотрпна долгогодишна работа, верниците се здобија со објект кој во иднина ќе биде втор дом, културен и духовен центар.

Во предвечерието на Храмовата слава „Собор на св. Архангел Михаил“, по Светата архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г. Пимен во сослужение со Неговото преосвештенство епископот Полјански и Стобиски г. Јаков, протопрезвитер Климент Мишањ од Пјаченца, презвитер Јовица Тодевски и протопрезвитер Михајло Матевски, Неиве, свечено се потпиша договорот за купопродажба на објектот во кој е сместена крстилната „Св. Јован Крстител“ во Неиве од страна на Неговата екселенција монсињор Марко Брунети, владика на Алба и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен.

Во своето обраќање митрополитот Пимен се заблагодари на Бога пред сѐ, на Неговата Екселенција Монсињор Марко Брунети, градоначалничката на Неиве, на верниот народ, домаќините и гостите за присуството и можноста да се сподели радоста, бидејќи овој договор е плод на добра соработка, взаемена почит и можност нашиот народ во туѓина да најде свој дом за духовна поткрепа и негување на културните и религиски вредности.

На овој свечен историски чин со неизмерна радост и гордост присуствуваа македонскиот Конзул во Местре, Р. Италија г-дин Стојан Витанов, делегација од Агенцијата за иселеништво предводена од директорот Слободан Близнаковски и градоначалникот на Македонска Каменица г-дин Димчо Атанасовски со свои соработници.

Благодарност до Отец Михајло Матевски, неговото семејство и вредниот тим, за заложбата настанот да биде организиран на највисоко ниво, достојно, професионално, срдечно од сѐсрце!!!
За многу години!!!

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid021u33P8QaucwF3g8YXsGyvz3oqisZYRVk5GCR919c41aDjTzKXiuyFiyUR1Fft71fl&id=1676224611&sfnsn=mo&extid=a&mibextid=6aamW6

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *