Владимир Витановски ученик во ООУ “Кирил и Методиј” од Македонска Каменица ја доби првата награда за инвентивност на конкурсот на Народна банка на РМ , Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија, распишан до сите основни училишта на тема „И јас умеам да штедам“. Од пристигнатите над 400 творби, ученикот Владимир Витановски од 3б одделение ја доби првата награда која му ја врачи министерот за финансии м-р Кирил Миноски, во просториите на Министерството за финансии на 25 ноември (петок)2016 година.
Заменик директорот Малиш Постоловски ја подигна пофалницата за активност во конкурсот на училиштето ООУ„Св.Кирил и Методиј„.
Доделена беше и една пофалница и подарок од организаторите за литературниот конкурс на ученичката Ива Јефремова од 5a одделение.
Честитки до талентираните ученици!!!