Владимир Витановски добитник на наградата од конкурсот за инвентивност на тема “И јас знам да штедам”. Ива Јефремова со пофалница и подарок од организаторите на литературниот конкурс

fb_img_1480406937577Владимир Витановски ученик во ООУ “Кирил и Методиј”  од Македонска Каменица ја доби првата награда за инвентивност на конкурсот на Народна банка на РМ , Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија, распишан до сите основни училишта на тема „И јас умеам да штедам“. Од пристигнатите над 400 творби, ученикот Владимир Витановски од 3б одделение ја доби првата награда која му ја врачи министерот за финансии м-р Кирил Миноски, во просториите на Министерството за финансии на 25 ноември (петок)2016 година.
Заменик директорот Малиш Постоловски ја подигна пофалницата за активност во конкурсот на училиштето ООУ„Св.Кирил и Методиј„.

fb_img_1480409502135

Доделена беше и една пофалница и подарок од организаторите за литературниот конкурс на ученичката Ива Јефремова од 5a одделение.
Честитки до талентираните ученици!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *