Сопственик на фирма од Делчево испуштал отровни отпадни води во реката Брегалница

Делчево, 29.11.2018 година – Сопственик на фирмата „Млечна индустрија” во Делчево испуштал отпадни води со хемиски агенси во водите на реката Брегалница, утврдила истрагата.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево против правно лице со подружница во Делчево и Т.Н. (37) од Скопје, управител на правното лице поднесе кривична пријава за загадување на добиточна храна или вода.

Според полицијата, на 25 јули годинава од објектот на првопријавеното правно лице, во кое второпријавениот е управител, преку цевката за отпадни води, во реката Брегалница испуштени се отпадни води со хемиски агенси кои се отровни за животинскиот свет, со што предизвикале опасност за опстанокот на рибите во реката Брегалница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *