Facebook Slideshow автоматски ќе креира видео од вашите слики и видеа

Facebook за сите корисници на нивната мобилна апликација за iOS донесува една функција од Moments апликацијата која веќе нема да функционира. Се работи за Slideshow функцијата која во основа автоматски креира видео од сликите и видеата на корисникот со цел да ги сподели на социјалната мрежа.facebook-slideshow

Целата на Slideshow е да им овозможи на корисниците кои имаат доста слики и видеа во одреден период, на поинтересен начин да ги објават на својот профил, наместо стандардно да објават 50-тина слики кои најверојатно ретко кој сака сите да ги види.

Facebook Slideshow се активира автоматски кога корисникот има прикачено најмалку 5 слики или видеа во последните 24 часа и ќе притисне на делот за објава на нов статус. Исто така, корисниците ќе им биде препорачано да ја пробаат функцијата кога ќе гледаат некое такво видео од своите пријатели.

Инаку, Slideshow е направена да биде што е можно поедноставна и брза за користење. Видеото автоматски се креира, а корисниците се што треба да направат е да изберат една од 10-те теми со различна музика и да ги тргнат сликите коишто можеби не би сакале да бидат прикажани.

Дали оваа функција ќе остане ексклузивно на iOS или ќе стане достапна и на Android не е познато, меѓутоа најверојатно истото ќе зависи од популарноста на оваа платформа. Доколку голем број на корисници ја користат, нема зошто да не биде овозможена и за корисниците на Android.

Напишано на 28.06.2016 – 12:23 од Мишо Лекиќ

Извор: TechCrunch, The Verge, Engadget

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *