БОШКО СТАМЕНКОВСКИ Е НОВИОТ ЕВРОПСКИ ШАМПИОН И СВЕТСКИ РЕКОРДЕР

image
За теретаните вели дека рекреативно ги посетува веќе дваесет години, а интензивно како професионалец со овој спорт се занимава две години, од кога започнува да реди златни медали и да руши светски рекорди. До сега по два пати го има освоено балканското и европското злато. Минатата година на СП во Лас Вегас, во категорија “бенчпрес” до 75 кг. освои златен медал, а оваа година на ЕП во Финска исто така се закити со злато во М2-75 категорија кревајќи 130 кг. Моментално се подгорвува за претстојното светско првенство што ќе се одржи во Књажевац – Србија, каде сака да сруши уште еден светски рекорд и тоа во категоријата до 67,5кг.image
Негов главен спонзор и редовен подржувач на сите негови натпреварувања се Рудник САСА и “ПАТРИОТ – АЛДО”. Тој вели дека неговата соработката со Рудник САСА е беспрекорна и дека од Рудник САСА секогаш наоѓаат разбирање за неговите потреби во текот на подготовките, самите патувања и снабдување со потребната опрема за тренинзи.image
Во скоро време се надева дека во Каменица ќе се создадат подобри услови и простор за тренирање и развивање на овој спорт, при што нема, заради отсуството на “теретана” во градот, љубителите на спортот секојдневно да патуваат во некој од околните градови. Со тоа тој и понатаму останува голем активен и главен поборник за промоција на својот спорт во родниот град од една страна, а од друга, преку својот ентузијазам е неуморен афирматор на Македонска Каменица ширум светот, преку своите успешни настапи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *