118 години од смртта на Христо Узунов

На денешен ден, 24 Април 1905 година во село Цер се самоубива големиот револуционер Христо Узунов. Човек со висок морал, храброст и пожртвуваност. Веројатно бил предаден уште во Крушево и следен до Цер каде што е опколен. За да не биде запалено селото, одлучиле да си го одземат животот. Дел од нив (меѓу нив кичевскиот војвода Ванчо Србакот) се обиделе да го пробијат обрачот, но биле веднаш убиени.

Неговото последно писмо до мајка му, напишано во моментите пред да си го одземе животот претставува доказ за големината на Узунов:

“Мила ми мајко, јас сум прв твој син и мој долг е да бидам околу тебе… Но, можам ли, кога ги чувствуам болките на нашата измачена Татковина, да не се оддадам со љубов на најверен син на нејзиното свето дело? Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас – без ни најмалку да те навредувам – се чувствувам повеќе син на втората моја мајка – Македонија, отколку на тебе, која си ме родила. Не жали и не плачи за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги.”

Нека му е вечен споменот!

Смртта е последна кога нема слобода. Нека бидат уверени дека делото ќе победи. Македонија ќе роди нови борци, ние ќе живееме во спомените ваши. Кажете им дека сме предадени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *