САСА одигра нерешено во Струмица. Погодок на Смилков по добро нафрлена корнер топка од Ајрули

Нашата екипа Каменица Саса се враќа непоразена од натпреварот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, каде во рамки на 24. Коло од Втората македонска фудбалска лига одигра со нерешен резултат од 1:1 против Беласица.

Првото полувреме, иако заврши без погодоци, бројни беа шансите за погодок и на двете страни. Во вториот дел, извонредниот Смилков погоди за 0:1 за водство на нашата екипа Каменица Саса, по добро нафрлена корнер топка од Ајрули.

Сепак, домаќините дојдоа до израмнување на резултатот по ударот од белата точка. Нашиот Николоски одбрани, но по одбиената топка Милушев од втор обид погоди за конечни 1:1.

Следното 25. Коло, нашата екипа Каменица Саса го игра на домашен терен против ФК Новаци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *