Прочитајте кои кошаркарки од ЖКК „Баскет Кам“ влегоа во составот на Македонската кадетска женска селекција

Македонската кадетска женска селекција ова лето ќе земе учество на Европското првенство (дивизија Б0 кое ќе се одржи во Подгорица во периодот од 16. до 25 август. Селекторот на оваа репрезентација до 16 години, Стојна Вангеловска заедно со членовите на стручниот штаб Енвер Мифтари (асистент тренер) и Горјан Стојановски го скратија списокот на кошаркарки кои треба да се појават на првиот собир, закажан за 2. јули (понеделник) со почеток во 9:00 часот во спортската сала при основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“ – „Независна Македонија“.

На списокот од 18 повикани кошаркарки- кадети, од редовите на вице-шампионот во оваа категорија ЖКК „Баскет Кам“ се најдоа: Моника Зафировска, Стефани Колева и Бојана Попова.

  1. Матеа Николиќ – Италија
  2. Матеа Атанасовска – Италија
  3. Елена Тасевска – Италија
  4. Илина Селцова – Унгарија
  5. Марија Димитријевиќ – Шпанија
  6. Стефани Костова – Бадел 1862
  7. Наталија Секуловска – Бадел 1862
  8. Теона ПопСтојанова – Бадел 1862
  9. Елена Пешиноска – Струга
  10. Габриела Модева – Струга
  11. Стефани Колева – Баскет Кам
  12. Фросина Петреска – Гостивар
  13.  Ана Цветковска – Бадел 1862
  14. Сара Максимовска – Бадел 1862
  15.  Хадиса Зендели – Струга
  16.  Бојана Попова – Баскет Кам
  17. Моника Зафировска – Баскет Кам
  18. Алев Тахир – Шкупи

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *