Преполн базен на „Дневната забава“ во организација на Совет на Млади на Македонска Каменица (Фото)

Македонска Каменица 22. Јули 2018 година – Совет на Млади, денес на градскиот базен во Македонска Каменица организираше „Дневна забава“ со неколку Ди-Џеи и голем број натпревари,игри на вода и други интересни содржини. На забавата земаа учество голем број на млади од Македонска Каменица, а присуствуваа и гости од Совет на Млади од околните градови. Присутните, со кратко обраќање ги поздрави и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова.

„Ја користам оваа прилика и моето присуство на денешната “Забава на Базен”, организирана од Совет на Млади на Македонска Каменица да ги поздравам присутните, натпреварувачите и помагателите на настанот. Сакам да истакнам дека и во идинина најголем подржувач на активностите на младите во Македонска Каменица ќе биде Локалната самоуправа. Сите ќе вложиме заеднички напори во наредните години да создадеме една реална младинска платформа од која ќе произлезат многу активности, волонтери, разни настани и случувања за подобри услови на сите млади во Македонска Каменица. Младите со својот ентузијазам ги носат промените, а ние како Локална самоуправа сме секогаш тука да ги помагаме и подржуваме“. – истакна во своето обраќање градоначалникот, Соња Стаменкова.

Победниците во неколкуте натпреварувања и игри на вода (кошарка во вода, трчање во вреќа, пливање на 25 и 50 метри, тенис во вода, скокање и нуркања) добија симболични награди, признанија и благодарници за учество, кои им беа врачени од членови на Советот на Млади и претседателот Бојан Стаменковски.

Ова е прв проект на Совет на Млади на Македонска Каменица од забавен карактер. Ние како Совет на Млади, покрај останатите планирани активности, имаме во план организација на уште неколку слични настани во текот на летниот период. Во денешната организација покрај вклученоста на голем број членови од Советот на Млади, добивме целосна поддршка од ЈП Камена Река, КИЦ Романса и Општина Македонска Каменица. Голема благодарност до нив, како и до сите учесници во денешните натпревари и игри на вода, до сите посетители на градскиот базен и до младите во Македонска Каменица кои веќе се препознаваат во нашата платформа за развој на условите за урбано живеење на младите во нашиот град.

This slideshow requires JavaScript.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *