Општина Македонска Каменица ќе добие 630 илјади евра од државата за изградба на локални патишта

Македонска Каменица, 01.02.2019 година – Според објавата на веб страната на општина Македонска Каменица со финансии од Меѓунароната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта Владата донесе Одлука за алоцирање на средства во износ од 70.000.000,00 евра.

Според претходно утврден систем на доделување на средства за општините во државата и Град Скопје, општина Македонска Каменица доби 630.000,00 евра за изградба на локални патишта со кои ќе бидат поврзани неколку селски средини, изјавуваат од Општината

Ние како Општина веќе имаме аплицирано со повеќе проекти за изградба на локални патишта во неколку селски средини од нашата Општината и според утврдената динамика на доделување на средства, се надеваме дека наскоро ќе започне нивната реализација, стои во објавата на веб страната на општина Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *