Големо невреме го зафати Кочани. Од среда повторно нестабилно време

По големото невреме проследено со дожд, силен ветер, град и грмотевици кое вчера го зафати Скопје, циклонот Луцијан денес го зафати и Кочани.

Невремето се движи на населени места во јужниот дел од Повардарието , а според прогнозите попладнево локално и на запад ќе има нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Погледнете како изгледаше невремето во Кочани:

По невремето кое вчера ја зафати државата, по само 15-минутен дожд, при што беа оштетени неколку автомобили, врз кои паднаа дрвја, а беа поплавени и десетини улици и објекти, од среда се создава нова опасност од поплавување.

Од УХМР најавија дека за неколку дена, поточно од среда, се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *