Бисер на македонскиот фолклор – ФА “Китка” од Истибања

Со повеќе од 20 гостувања во земјата и странство, со 7 гран при награди, со 200 членови во Истибања, во Спанчево, во Облешево, Фолклорниот Ансамбл “Китка“ како репрезент на македонскиот фолклор  во 2016 го заокружи триесет и првиот Меѓународен Фолклорен Фестивал “Истибањско Здравоживо. 2016  една од најуспешните за ФА „Китка“, очекувањата се дека 2017 ќе биде уште поуспешна со реализација на бројни турнеи, настапи и награди.

-Во март ќе учествуваме на натпреварот за носии во Кривогаштани, потоа во април одиме на големиот светски фестивал на детето во Кападокија во Р. Турција, каде што организатор е турската радио телевизија а под покровителство на државниот врв на Турција. Потоа следува фестивал во Загреб, Р. Хрватска, потоа во Португалија, понатаму на голем фестивал во Белорусија, во Црна Гора, Украина итн, рече на Стојко Митковски, уметнички раководител на ФА „Китка“.

ФА “Китка“ е основан 1975 година на иницијатива на уметничкиот раководител Стојко Митковски, и во тој континуитет од 4 децении ги обновува, негува и надградува обичаите, игрите, песните и фолклорот од Истибања и пошироко од Осоговијата. ФА „Китка“ годинава ќе се одржи 32 то издание на меѓународниот фестивал „Истибанско Здравоживо“ на кој што се очекува настап на голем број ансамбли од земјава и странство. Фестивалот и ансамблот финансиски се подржани од општина Виница и Министерството за култура на Р. Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *