Сите наши роднини во странство: Ти еднаш дојди, после..!

Многу млади луѓе од Балканот сакаат да заминат во странство барајќи услови за живот подобри од овие овде. Среќни се оние кои имаат роднини во странство, па имаат џокер во ракавот во случај да не успеат дома. Но, многу често се случува „гостопримливите“ роднини да не можат да ве примат баш тогаш кога ви е најпотребно.

Слична ситуација доживеала и една млада девојка, која својата приказна во вид на „Јавно писмо“, одлучи да ја сподели на социјалните мрежи. Најчесто се почнува вака:

„Само ти заврши со учење и направи пасош, веднаш, „тетка, чичо, вујко, стрина“ те водат низ светот! Немаш ти таму, сине, никаква иднина, гледаш дека сите се без работа. Јас тебе ќе те спасам! Јас не можам да заборавам, колку пити изедов од твојата мајка. Заслуживте, бога ми“.

Завршено школо, пасошот готов, отидов на шопинг, купив малку алишта од парите што мајка ми од дневницата ги заработи за да може да ме подготви за „пат низ светот.“

Им јавувам на сите дека сум подготвена. Добив секакви одговори, еве неколку примери:

„Ма знаеш сега е малку поинаку, не е лесно како порано ни овде за работа. Ете пред месец дена, овде бараа во хотелот собарка, но сега вработија некоја, не бараат повеќе. Да е како тогаш можеби би можело да те примат, сега бараат јазик.Почни да учиш германски, па тогаш ќе си дојдеш кај тета, ќе најдеме нешто. Има во едно село бараат да им се чисти шталата, но јас не би те ставила таму, жал ми е…“

„Почекај уште малку, можеби ќе се отвори уште нешто. Еве овде бараат работници, но немаат сместување. Јас би те примила, но знаеш дека моите деца не можат ниту едно со друго, па секој во својата соба бара мир. А и јас можеби ќе останам без работа, сега и овде завладеа криза, и нас ни е многу тешко“.

Нема врска, фамилијо моја… Фала ви на обидите. „Ја разбирам вашата ситуација. Ако е веќе така, ќе си останам дома. Овде во моментот бараат во рудник, а добра е и платата, топол оброк во смени, се е на време. Има и продавници, бараат персонал, можеби ќе успеам да најдам нешто и за тета, има таа искуство. Не се грижете за сместување, јас ќе спијам на подот, а вие можете на креветот кој ни го даде комшијата, се развлекува, има место за вас!

Нема да бидете гладни. Знаете мојата мајка сеуште ги прави оние исти пити со кои израснавте како и јас! Ако можам уште некако да ви помогнам, само кажете ми, некако се чувствувам „должна“ што макар сте се и „обиделе“ да ми помогнете! Фала ви до небо…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *