Белградски Партизан гостува во Македонска Каменица

Утре, 16.03.2022 година, со почеток од 17:00 часот, во Спортската сала во Македонска Каменица, ЖКК Баскет Кам го игра последниот натпревар од Јадранската WABA лига.

ЖКК Баскет Кам го пречекува белградски Партизан во директна борба за деветото место од системот за разигрување за конечен пласман на табелата.

Ова е огромен успех на ЖКК Баскет Кам во премиерниот настап во ова европско натпреварување. Тимот е целосно подготвен за утрешниот натпревар, во одлична форма и сите поединци се мотивирани во оваа пресметка со моќниот Партизан да донесат радост за каменичката публика, која ќе може да го следи натпреварот според пропишаните Ковид протоколи.

Влезница може да се купи пред почетокот на натпреварот по цена од 500 денари.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *