Ќе се кратат функционерските плати: Од 78% зголемување ќе останат само 10?

Владата планира да ги скрати функционерските плати за да се соберат повеќе пари за антикризни мерки. Неофицијално, владини извори за Сител брифираат дека намалувањето ќе биде поголемо, па од 78-те проценти покачување ќе останат 10. Работна група на следната седница ќе треба да презентира неколку предлози. Интенцијата, како што дознава Сител, било да се премости периодот додека се донесе новиот закон за плати во јавниот сектор.

Синдикатите сметаат дека ова е обид да се намали незадоволството кај граѓаните. Бараат платите да се вратат на старото ниво.

Владата уште пред половина година најави дека ќе се кратат коефициентите и така самите ќе ги намалат платите, па потоа се премисли и рече дека ќе се чека нов закон за систем на плати во целиот јавен сектор.

Платите на функционерите се пресметуваат така што основицата се множи по одреден коефициент во зависност од функцијата. Највисок коефициент од 4.5 имаат шефот на државата, премиерот и собранискиот спикер, а по нив се нивните заменици, министрите, пратениците…

Законот предвидува основицата да биде просечната плата од претходната година, но со години беше замрзната на пониско ниво. Судот во март одлучи да го укине замрзнувањето, по што платите се зголемија за цели 78%.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *