Љубоморен скопјанец со боксови и клоци крвнички ја претепал сопругата на улица

Љубоморен скопјанец со боксови и клоци крвнички ја претепал сопругата, среде бел ден, на улица. Според информациите на МВР, на пладне, 47-годишната Г.Т. пријавила дека на улицата „Аугуст Цесарец“ нејзиниот сопруг Г.Т. по кратка расправија поради љубомора почнал да ја удира со боксови во пределот на главата и со клоци во пределот на телото притоа навредувајќи ја и заканувајќи и се.

-По ова пријавителката отишла во Градската општа болница за укажување на лекарска помош каде од страна на лекар биле констатирани телесни повреди. Се превземаат меки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.