Љубовта и поддршката кон нашата ФК САСА се шири и кај општествено одговорните компании од регионот

Љубовта и поддршката кон нашата ФК САСА се шири и кај општествено одговорните компании од регионот

 

 

Македонска Каменица, 06. Ноември 2023 година – Преку соработка со реномираната компанија за превоз на патници „Метак Транс“ од Виница www.metaktrans.mk, успеавме да овозможиме донација на фудбалска опрема за нашиот Фудбалски клуб Каменица Саса, – велат членови од навивачката група „Стара Гарда Багери“ од Македонска Каменица

 

 

Членовите на „Стара Гарда Багери“ истакнуваат дека ќе продолжат со ваквите активности за придонес кон клубот и додаваат дека се надеваат оваа донацијата од „Метак Транс“ како општествено одговорна компанија од Виница, ќе помогне да бидат подобрени и унапредени условите во тренажниот процес за играчите.

 

 

– Вашата поддршка со обезбедена опрема, инспирира во постигнувањето на нашите спортски цели и успеси. Горди сме што имаме за пријатели на споротот како вас. Компанија која ги препознава втемелените спортски вредности и традиција на Фудбалскиот клуб Саса. Сигурни сме дека нашите заеднички напори и плодна соработка ќе бидат успешни и продуктивни во иднина, – додаваат членовите од „Стара Гарда Багери“ вклучени во активноста за донирање на спортска опрема.

Претходно, донација на додатна спортска опрема од фанови и љубители на фудбалот од Македонска Каменица, беше обезбедена од „ПАБ“ – Делчево/ Pub Delcevo

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *