ЈП Камена Река работи на санација на дефекти за заштеда на вода и одржување на јавната чистота во градот

Македонска Каменица, 05.01.2022 година – Како што известуваат од Јавното претпријатие Камена Река, нивните тековни и редовни работни активности се насочени кон санирање на дефекти на водоводниот систем во градот и одржување на јавната чистота долж градскиот кеј на Каменичка Река и останатите отворени јавни простори и зеленило во Македонска Каменица.

“Покрај санирањето на дефектите од водоводниот систем, кои создаваат постојани и значителни загуби на вода, нашите екипи продолжуваат со редовно чистење на кејот на Каменичка Река. Во наредниот период, со утведена динамика според временските прилики, ке го исчистиме просторот се до вливот во Калиманското Езеро” – изјави Влатко Димитровски, директор на ЈП Камена Река, додавајќи дека “Приоритет во работењето на ЈП Камена Река останува одржувањето на јавната чистота на јавно прометните површини, како и чистењето на дивите депонии во руралните и урбаните средини во Општината“.

Димитровски упати порака до граѓаните во која стои дека “Наша заедничка цел е да бидеме совесни, да делуваме одговорно и да се грижиме за почиста Македонска Каменица”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *